Социјалистичката партија на Франција се огласи преку соопштение потпишано од Филип Кордери, Национален секретар за Европа и Жан-Марк Жермен, Национален секретар за Меѓународна соработка и Франкофонијата во кое се изразува загриженост за автократското владеење на власта во Македонија.
– Македонскиот министер за внатрешни работи на 31 јануари поднесе тужба против претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, главниот лидер на опозицијата. Тој е обвинет за “заговор” и “за нарушување” на “внатрешна безбедност”, откако го најави брзото објавување на докази со кои се докажува местењето изборите во април 2014 година.
Социјалистичката партија, врз основа на наодите на меѓународните набљудувачи на изборите за квалитетот на изборите, а со оглед на критиките и загриженоста во извештаите на Европскиот совет и Европската комисија во врска со владеењето на земјата, независноста на судството и слободата на медиумите, најостро ги осудува методите и јароста на власта против секоја форма на опозиција т.е различно мислење.
Социјалистичката партија изразува сериозна загриженост за растечкото влошување на политичките тензии во Македонија предизвикани од страна на автократското владеење на конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ. Таа ја повикува Европската унија и Советот на Европа да го разгледаат овој нов случај за да се овозможи формирање на независна истражна комисија за расветлување на овие обвинувања против опозицијата. Таа, исто така, очекува Европската народна партија, во која членува македонската партија која е на власт, да ја врати истата на демократското разумно однесување.
Филип Кордери, Национален секретар за Европа
Жан-Марк Жермен, Национален секретар за Меѓународна соработка и Франкофонијата