Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство до претседателот на Италијанската Република Џорџо Наполитано, по повод трагичната автобуска несреќа што синоќа се случи во јужниот дел на Италија.
– Со големо жалење и тага ја примив веста за трагичната автобуска несреќа која се случи синоќа во јужниот дел на Италија и длабоко жалам за загубените животи и за бројните повредени во оваа голема трагедија. Во овие тажни мигови за Вас и Вашата земја, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија и во мое име, да Ви упатам изрази на најдлабоко сочувство. Ве молам, господине Претседателе, на семејствата на настраданите да им пренесете длабоко сочувство за нивната загуба, а на повредените да им пренесете желби за брзо закрепнување, се наведува во писмото од претседателот Иванов до неговиот италијански колега Наполитано.