Сочувство од Пендаровски за смртта на професионалниот војник на АРСМ во мисијата КФОР

Од:

Претседателот на државата и врховен командант на оружените сили Стево Пендаровски изрази сочувство за смртта на 44-годишниот професионален војник во мисијата КФОР во Косово, кој вчера ненадејно почина во Приштина.

– Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово. Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено и служеше на нејзината мисија. Вечен спомен, нека почива во мир, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Генералштабот на Армијата синоќа информираше дека во болница во Приштина вчеравечер околу 18:15 часот ненадејно починал професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР.

На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, вчера попладне му се слошило. Со воен хеликоптер бил пренесен во болница во Приштина каде што бил реанимиран, но по кратко време е констатирана смрт за која, според првичните наоди, причина најверојатно е срцев удар.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Пендаровски со поддршка за младите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски: Дали Николовски како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ има донирано барем еден денар?

Пендаровски: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество

Горан Наумовски

Пендаровски: Потребна е конструктивност во односите со Бугарија, постоењето македонско малцинство е факт

Горан Наумовски