Сочувство од Иванов до Плевнелиев за смртта на патријархот Максим

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство до претседателот на Бугарија, Плевнелиев, поради смртта на поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Максим.

„Со длабока тага ја примив веста за смртта на поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Максим, и искрено жалам за големата загуба за Вас, Вашата земја и за пријателскиот бугарски народ”, пишува во писмото на претседателот Иванов.

„Тажни се миговите кога верниците се простуваат од својот духовен водач. Мигови на тага, кои не се без утеха или надеж, што произлегуваат од искрената љубов и вера во Бога.

– Уверен сум дека ликот и делото на Неговата Светост, патријархот Максим, како личност со голем авторитет во православниот свет, ќе останат длабоко врежани во сеќавањата на бугарскиот народ, како и кај православните верници и луѓе со добра волја.

– Ве молам, господине Претседател, изразите на искрено сочувство да ги пренесете до Бугарската православна црква и до граѓаните на Република Бугарија. Поддршката во вакви тешки моменти ни дава сила и нè потсетува дека не сме сами и во добро и во вакви прилики”, се вели во писмото до претседателот на Бугарија, Плевнелиев.

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија