Сочувство од Иванов до Оланд за терористичкиот напад во Ница

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод терористичкиот напад во Ница, упати телеграма со сочувство до францускиот претседател, Франсоа Оланд.

– Со шок и огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Ница, во кој животот го загубија голем број на невини лица и каде има голем број на повредени. Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Француската Република, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој грозоморен и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување, се наведува во телеграмата од Иванов.

Република Македонија, како што истакнува Иванов, остро ги осудува и се спротивставува на сите терористички напади и е солидарна со Француската Република во борбата против тероризмот.

– Како никогаш досега, потребно ни е заедништво, максимална соработка и одлучност во борбата против сите оние сили кои преку насилство и терор сакаат да внесат страв и омраза, притоа уништувајќи ги сите цивилизациски придобивки кои генерациите зад нас истрајно ги создавале, подвлекува Иванов во телеграмата.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on