Собраниски пинг-понг со законот за бранители

Од:

Законот за вранители, како пинг-понг топче се препраќа од една до друга адреса во закондавниот дом.

Играта ја продолжи спикерот  координаторот на ДУИ Талат Џафери.

Тој  денеска испрати барање до Вељаноски, согласно член 60, став 1, алинеа 3 на Деловникот на Собранието да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да расправа и да ја разреши дилемата за спроведување на Деловникот што настана на Комисијата за труд и социјална политика, откако Веле Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ побара ограничување на дискусиите во однос на амандманите за Предлог-законот за бранители.

Вељаноски им испрати одговор на ДУИ  кое исто така го упати и до претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Цветанка Иванова.

„Прашањата кои ги покренувате треба претходно да го добијат својот процедурален и суштински основ, односно да бидат разгледани и разрешени по пат на донесување на соодветна одлука, во рамките на споменатата Комисија за труд и социјална политика, за која се изјаснило мнозинството членови во Комисијата. Ваквата одлука ќе биде основ претседателот на Комисијата за труд и социјална политика да се обрати до мене како претседател на Собранието на Република Македонија, по што согласно член 60 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, би можел да ја задолжам Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да расправа и да ја разреши дилемата за спроведувањето на Деловникот на Собранието и деловниците на работните тела“,стои во одговорот  од Вељаноски.

Тој, како што вели, како Претседател на Собранието на Република Македонија не може да навлегува во оценката на која било пратеничка група дали има спор за одредено деловничко или друго прашање се додека соодветното работно тело кое се соочува со наведениот спор не се изјасни дали навистина има потреба од ангажирање на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Во петокот, кога ДУИ влегоа со повеќе од 15.000 амндмани распослани на тони хартија, и по барањето на ВМРО-ДПМНЕ , поради ефикасност да се ограничат дискусиите во комисијата, претседателот Цветанка Иванова, побара Гордиевиот јазол да го пресечат Првиот парламентарец и Комисијата за мандатно-имунитетни прашања/ Таа рече дека нема да дозволи кршење на Деловникот. ВМРО-ДПМНЕ сега го бараат она што го одбија пред еден месец. Тогаш СДСМ бараше договор и ограничување на дискусиите, но ВМРО-ДПМНЕ гласаше против.

Би можело да ве интересира

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд