Собраниската расправа за разрешувањето на Зврлевски ќе продолжи во среда

Од:

Спротивставени мислења и оценки, реплики, контрареплики и процедурални забелешки главно од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, беа искажани во попладневниот дел од собраниската расправа за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлески.

Тие го повторија ставот дека барањето за разрешување на Зврлевски е незаконско и спротивно на Деловникот, а претставува политичка хајка со единствена цел – лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев да се спаси од, како што рекоа, кривичен прогон за случајот „Поткуп“. Воедно предложија, оваа точка да се симне од дневниот ред додека Антикорупциската комисија на нивно барање не оцени дали е во согласност со законот или, прво да се донесат измените на Законот за јавно обвинителство според кој јавниот обвинител ќе биде предлог на опозицијата и ќе се бира со двотретинско мнозинство, па потоа да се расправа за разрешувањето на Зврлевски.

На тоа реагираше спикерот Талат Џафери, истакнувајќи дека работи исклучливо согласно Деловникот, Уставот и законите. Ова ќе биде преседан, рече, законодавецот да се обрати до тело кое сам го бира и да го консултира дали работи исправно. Во однос на предлог-измените на Законот за јавно обвинителство, пак, додаде дека е на дневен ред на друга седница. Џафери им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да им го оспори правото како пратеничка група да доставуваат какви било предлози до кого сакаат, но тоа, потенцира, не е пречка за работа на Собранието.

Од СДСМ напоменаа дека се залудни сите одолговлекувања на ВМРО-ДПМНЕ, нивните реплики и контрареплики, зашто, како што рекоа, изјаснувањето околу разрешувањето на Зврлевски и правдата мора да се случат.

ДУИ, пак, јасно го поддржа предлогот за разрешување на јавниот обвинител со став дека токму Зврлевски не кажал збор, ниту покренал постапки за многу спорни случаи.

– Зврлевски е професионалец кој 30 години е во фелата без какви било забелешки за неговото работење. Има процесирано 60 отсто од случаите и ефикасноста е зголемена во неговото време како јавен обвинител. Политичка неподобност е единствената причина за негово разрешување, истакна Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ.

Се надоврза Драган Данев со предлог, додека Антикорупциската комисија оцени дали разрешувањето на Зврлевски е законско, Собранието да закаже итни седници за теми кои, според него, ги тангираат граѓаните: депонијата во Струга, поажрите, Договорот со бгарија, мигрантите,…

– Антикорпуцсика е формирана за таа цел, да дава мислење дали е нешто според закон. Предлагам да почекаме неколку дена оценка од Комисијата, а во меѓувреме да расправаме за другите актуелни точки – пожарите, мигрантите,…, рече Илија Димовски.

Џафери повтори дека нема намера да прави преседан за нешто што не смее и нема надлежност.

– Барате да прекинам пленарна седница за да се изјасни регулаторно тело избрано од Собранието. Го почитувам вашето право да се обратите секаде, но тоа не е пречка да продолжиме со работа, дециден беше Џафери.

Следеа реплики од други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои генерално го повторија ставот за, како што рекоа, очигледен притисокот врз судството.

– Ако не е од политички причини, да го видиме исходот од случајот „Поткуп“, па потоа да го разрешиме Марко Зврлевски или да се донесат измените со кои опозицијата го предлага јавниот обвинител и тој да биде избран со двотретинско мнозинство. Само така ќе докажете дека не вршите политилчки притисок, дополни Дафина Стојановска.

Артан Груби од ДУИ наведе конкретни причини зошто Зврлевски треба да биде разрешен, но нагласи дека „не смее после Марко, да дојде Дарко“, алудирајќи на неопходноста од вистински реформи во судството.

– Имаше многу спорни случаи за кои Зврлевски не кажа ниту збор, а не покрена ни обвиненија. Еден од нив е „Сопот“. Тоа е апсолутно одговорност на институцијата што тој ја раководи. Како може тие што протестираа проив „Монструм“ да се затворат три години, а насилницие во Ѓорче Птеров да се ослободат. Зврлевски требаеше да ги надмине двојните стандарди и етничките предрасуди, рече Груби.

Според него, Изшетајот на Европсјката комисија за владеењето на правото треба да ги загрижи сите во државата.

– Новиот обвинител ќе треба да биде консензуална фигура, со професионален и личен интегритет, подвлче Груби.

На неговото излагање за реплика се пријавија 27 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Престедателот на Собранието рече дека сите ќе добијат збор и го најави продолжението на седницата за во среда.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски