Собраниската расправа за предлогот за нов уставен судија продолжува утре напладне

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре напладне го закажа продолжението на расправата за нов судија во Уставниот суд да биде избрана Добрила Кацарска, на што опозицијата се спротиставува. За уставен судија Кацарска е предложена од Судскиот совет.

Пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова истакна дека престедателот на Судскиот совет не треба да биде само гостин на седницата туку треба да образложи зошто токму Добрила Кацарска е предложена за судија во Уставниот суд бидејќи во нејзината биографија нема аргументи за тоа. Повикувајќќи се на мислењето на Венцијанската комисија за избор на судии и на Уставни судии, Силјановска Давкова рече дека основната забелешка е дека истакнат правник не значи ништо ако зад него нема долга листа на објективни аргументи. Од нејзината биографија, како што кажа, се гледа дека „целата активност на кандидатката е врзана за општинскиот суд“.

Круна на професијата значи да поминета Апелација, Врховен суд, меѓутоа од ова каде што освен работното искуство има неколку обуки и семинари и има забелешки за учество во изработки на закони, тврдење за познавање на англиски и руски јазик, ми создава големи дилеми. Во други услови тоа оди преку интервју, преку специјална комисија која разговара со кандидатот, рече пратеничката Силјановска Давкова.

Таа смета дека овој предлог не е за Уставен суд бидејќи и заради она што се случуваше последниве години во судството, а Кацарска не случајно стана синоним за т.н „Кацарска судство“ и сега не би сакала да стане синоним за т.н „Кацарска уставно судство“ бидејќи на уставното судство му се потребни длабоки реформи.

– Му требаат судии со дигнитет, со интегритет, со долгогодишно искуство, судии кои се со синоним не само за право туку и за правда, рече опозициската пратеничка Силјановска Давкова.

Кацарска, посочи таа, немала никакво разбирање дури и ја кршела Европската конвенција за слободата и изразувањето на мислата.

-На Колумбија универзитетот овој случај е објаснет како случај што не треба да се повтори, мислам дека многу значи. Можеби Кацарска во буџетот на судството внесе 50.000 евра, ама неславно место зазеде во едно од главните гласила и официјалниот сајт на Колумбија универзитетот. Пораката немојте да го правите тоа што госпоѓа Кацарска го правела во Македонија, истакна таа.

Дополнително таа посочи на забелешки што ги имал и Народниот правобранието за одлуки што ги носела Кацарска заклучувајќи дека таа во многу случаи пристрасно се однесувала, правела професионални грешки, не ги почитувала правилата на правично судење, го повредувала судскиот процес.

Силјановска Давкова, но и неколкумина други пратеници од опозицијата зборуваа за судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, од која Кацарска бараше да се појавува на судења во последните месеци пред породување, како и два месеци потоа.

За време на дебатирањето на пратениците од СДСМ, опозициските пратеници свиреа со свирчиња, а пратеници од владејачкото мнозинство се пожалија дека во салата не можат да се слушнат нивните обраќања.

Костадинов Костадинов од СДСМ изнесувајќи забелешки за однесувањето на опозицијата рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и вчера излегле пред гласањето од седницата за ребалансот на Буџетот.

– Не знаете какво е задоволството да му диригирате на ВМРО-ДПМНЕ, а тие да свират на свирчиња, рече Костадинов.

На неговата реплика процедурално реагираше координаторот на пратеничката група на опозициската партија Никола Мицевски, кој рече дека претседателот на Парламентот Талат Џафери го прекршил Деловникот со тоа што не го прекинал Костадинов.

-Доколку не беа пратениците од опозицијата, ребалансот на Буџетот не можеше да се донесе, рече Мицевски.

Џафери рече дека се согласува дека Буџетот не е на дневен ред, но исто така кажа дека не може да слуша што зборуваат пратениците поради тоа што опозицијата свири со свирчиња додека зборуваат нивните колеги од владејачкото мнозинство.

Со свирежи во салата и транспарент „Кацарска извршител на мафијата“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претходно, во рамки на 20. собраниска седница, изразија револт против предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски