Собранието треба да расправа за интерпелација на министерот Спасовски

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 86. и на 90. седница.

Единствена преостаната точка на 86. седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратеницитеопозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На 90. седница, пак, треба да се расправа за Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка, исто така, единствена точка на дневниот ред.

Со новиот закон се подобрува законската регулатива и се врши нејзино усогласување со правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација. Со неговата примена се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација.

Со Предлог законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во комиисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита. Се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и „actio popularis“. Исто така, се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски