Собранието ја констатираше оставката на Бесими од ДУИ

Од:

Собранието ја констатираше оставката на пратеникот Фљорим Бесими од ДУИ. Тој на денешната седница одлучи да не даде образложување за оставката.

Пратениците Зијадин Села и Африм Гаши го известиле спикерот Талат Џафери дека се спречени да присуствуваат на денешната седница која брзо беше прекината.

Џафери се уште не го прецизираше терминот за почеток на следна пленарна седница.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата претходно предупредија дека пратеникот Бесими нема да може да гласа за изборот на новата влада, бидејќи неговиот брат, Фатмир Бесими, е кандидат за министер за финансии.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата