Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

Од:

Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои ќе има линеарно зголемување на пензиите од по 2.500 денари од 1 септември годинава и од 1 март следната година.

На 14. седница на Собранието, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“. Линераното зголемување на пензиите е изборно ветување на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Со усвоените измени, ќе има линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари на 1 септември годинава и на 1 март следната година со цел, како што велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.

На продолжението на денешната седница беа разгледани и годишните извештаи од 2023 година за работа на Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија, финансиски извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување, Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување, Годишен извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Извештај за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухоплоство и Годишен извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија.

Претходно, пратениците ја завршија расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, за кој е потребно двотретинско мнозинство, додека гласањето ќе биде дополнително.

Беа разгледани и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош, по скратена постапка и предлог на закон за изменување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи