Собранието ги именуваше новите членови во Агенцијата за медиуми

Од:

Комисјата за избори и именување ги изгласа новите членови на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.

Здружението на новинари, Македонската асоцијација на новинари, Адвокатската комора, Интеруниверзитетската библиотека, ЗЕЛС и двајца членови од стариот состав на СРД ќе бидат нови членови кои преку ново формираното тело ќе ги следат медиумите.

ЗНМ во агенцијата за медиуми ќе ја претставува новинарот Зоран Фиданоски, од МАН Лазар Трајчев, додека од Адвокатската комора Алма Машовиќ која и беше член на Советот за радиодифузија.

Во новиот состав член ќе има и Интеруниверзитетската библиотека или Методија Јанчевски, а по предлог на ЗЕЛС член на агенцијата ќе биде и Милаин Феити.

Списокот од седум лица го заокрожуваат Лазо Петрушевски и Селвер Ајдини, кои се челнови и во актуелниот состав на Агецијата.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги