Со Виз Ер од мај директно од Скопје до Стокхолм

Од:

Граѓаните на Македонија од мај ќе може од аеродромот „Александар Велики“ директно да летаат до Стокхолм, Шведска. Летовите ќе ги реализира нискобуџетната компанија Виз Ер, секој понеделник и петок.

Како што соопштуваат од компанијата директната линија ќе биде воспоставена од 3 мај, неколку дена пред првичниот план. Најниската цена на авионската карта е 1.690 денари и веќе може да се направат резервации.

Корпоративниот директор за комуникации на Виз Ер, Даниел де Карвалхо изрази задоволство што нивните ниско-буџетни карти се се повеќе популарни за македонските патници и странските посетители.

– Нашата нова дестинација до Стокхолм е втора рута од Скопје до скандинавскиот пазар и деветта интернационална рута што ја поврзува Македонија со популарните европски дестинации. Со ниски цени на авионските карти, убедени сме дека оваа рута брзо ќе стане бестселер за појдовни и дојдовни туристи, истакна Де Карвалхо.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо