Неподвижни лица од селото Ратево, беровско, со трактори биле симнувани од нивните домови за да пристигнат до вакциналните места каде што се спроведува теренската вакцинација.
На фотографиите што ги објави министерот за здравство Венко Филипче може да се види неподвижна жена, седната во приколка од трактор, како ја прима вакцината против Ковид-19.
„Исклучителна посветеност и организација при процесот на вакцинација и во непроодните места покажаа екипите на ЈЗУ ЗД Берово. Во село Ратево со трактор се спуштени неподвижните лица и вакцинирани. Теренската имунизација се спроведува плански и на тешко достапните места. Се што е потребно е да се има желба и заинтересираност од страна на граѓаните“, напиша Филипче на Фејсбук.
Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Утре теренска вакцинација ќе се одвива на следните места:
Скопје – Петровец, Ржаничино, Огњанци, Ќојлија, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари, Чифлик, Сушица, Катланово
Кратово – Туралево, Шлегово
Виница – Пеклани, Трсино, Трстија
Демир Хисар – Стругово, Кутретино, Суводол
Струга – Мислодежда, Богојци, Поум
Крушево – Бучин
Ростуше – Маврови Анови
Струмица – Раборци, Попчево
Неготино – Црвени Брегови, Курија, Војшаници
Пробиштип – Ратавица
Валандово – Дедели и Собри
Берово – Двориште
Кочани – Спанчево
Кичево – Црвивци, Мамудовци
Кавадарци – Сопот, Марена
Битола – Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани, Канино
Охрид – Горно и Долно Средоречје, Грко Поле, Лешани, Велмеј, Брежани
Македонски Брод – Брест
Велес – Мелница, Лисиче, Г.Врановци
Крива Паланка – Жидилово, Узем
Кумановски и Липковски регион – Мл.Нагоричане, Војник, Стрезовце, Орах, Ругинце, Дренак, Клечовце, Зубовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Мургаш, Новосељане и Косматац
Штип – Стар Караорман, Нов Караорман, Таринци
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.
Со последните бројки 56% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.