Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација на Македонија овозможена од СДС и Ковачевски тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДС и Димитар Ковачевски целосно ја уништија Македонија. Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДС подизведувач. Како Ахмети им свири, така Ковачевски и СДС играат. Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ. СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер. Криминалците од ДУИ целосно го преземаа управувањето со државата, затоа и во Македонија цвета криминалот и корупцијата. Џафери или командант Форина во 2001 година дезертирал од македонската Армија и преминува во УЧК. А јавноста е сведок и на низа прекршувања на собраниски процедури од страна на Џафери, како употреба на европското знаменце на закони кои немаа врска со европската регулатива, само имаа врска со криминалиите на ДУИ, заклучување на вратите на пленарната сала за да не можат другите пратеници да се пријават за дискусија за дневниот ред, како и недоличното однесување и навредување кон собраниските службеници. На Македонија и се случува ДУИзација, а Ковачевски е директно одговорен за тоа. Има ли некој од СДС што му останало барем грам достоинство за веднаш да му се спротивстави на Ковачевски, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?