Со силен аплауз пречекана ослободителната пресуда за доктор Бобан Бучевски

Од:

Аплауз за доктор Бобан Вучевски, кој беше обвинет како одговорен на смена за пожарот во модуларната кови-болница во Тетово. Овој доктор доби голема поддршка од тетовци, пациенти, но и од неговите колеги лекари и медицински работници, кои организираа неколку протести во знак на подршка пред тетовскиот суд и на секое рочиште бараа да биде ослободен од обвинението.

И денеска насобраните граѓани пред тетовскиот суд дојдоа да му дадат поддршка на обвинетиот доктор и со овации ја поздравија ослободителната пресуда.

„ Ослободителна пресуда за мене. Голема благодарност за сите роднини и пријатели кои целиот процес беа со мени и не дозволија да останам сам. Благодарност до адвокатскиот тим кој ме поддржуваше и ми даде сила да можеме да го спроведеме овој процес како што треба. Благодарност за правдата што излезе дека јас како доктор сум бил со вас, а сега уште повеќе ќе бидам со вас“, рече Вучевски, кој беше обвинет дека дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането.

Граѓаните кои и денес беа насобрани пред тетовскиот суд, потенцираа дека докторот бил на работа за да лекува луѓе, а не да презема обврски околу инфраструктурата на болницата.

„ За Др. Бобан Вучевски, кој е неправедно обвинет. Како што ние имавме и сеуште имаме потреба од него, така сега ние нему сме му потребни со нашата поддршка! Правда и поддршка за Др. Вучевски!“, се велеше во апелот за денешната поддршка на др Бобан.

„Во понеделник очекуваме ослободителна пресуда за најхуманиот доктор што некогаш го имало Тетово! Обвинение не смее да има! Благодарност до сите граѓани кои секое рочиште преку мирен протест даваа Поддршка на Др. Бобан!

„Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа овде во судниците. Затоа што нема никаква вина, тој колку може помагал и сè уште помага на пациентите. Значи, ова е нанесена неправда, за жал, треба да се награди, а не да доаѓа овде да го губи времето.“

Ова беа само дел од апелите и повиците за поддршка на Др Бобан на социјалните мрежи. А се организираше и потпишување на петиција во која межу другото се велеше „ Д-р Бобан Вучевски е обвинет за горење на модуларната болница! Зошто овој човек, одличен доктор е обвинет за горењето на модуларната болница?! Каква вина носи тој?! Со што придонел за горење на “кабелот”! Со тоа што е доктор и се грижеше за пациентите болни од Ковид19?! Каква поврзаност има грижа за пациенти со горење на кабел?! Нели кабелот беше “виновен” за предизвикување на несреќата?!

Др Бобан доби ослободителна пресуда, но за пожарот во модуларната болница осудени се со условна казна поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми кои се товареа за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, како и тетовската болница која треба да плати еден милион денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

Орце Костов

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителството бара да продолжи мерката притвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски

Орце Костов

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март

А1он