Со помош од ЕУ ќе се изработи систем тарифирање на водата

Од:

Воспоставување економски инструмент за имплементација на првите чекори за примена на принципот „загадувачот плаќа“ во секторот води, собирање и третаман во согласност со идниот развој на финансиски одржливи инвестициски проекти, е крајната цел на изработката на студија за тарифи за вода.

Проектот, кој почна на 7 мај, а се очекува да заврши до јуни идната година е финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата, а ќе се имплементира во водоводните претпријатија во Прилеп, Скопје и Куманово.

Идејата, според министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, е да се направи посебно регулаторно тело за води и да се воспостави систем за тарифирање на водата, што сега е  во надлежноста на општините.

– Во земјава секоја општина има посебна методологија, за која немаме увид дали се применува или не. Идејата е да имаме унифицирана методологија, според која ќе се утврди точната цена на вода за пиење и третман на води што значи треба да утврдиме реална цена за водата со цел да имаме самоодржливии системи.  Секоја општина ќе треба да има посебна цена на водата за пиење и за третман на отпадни води, каде ќе бидат калкулирани сите трошоци за вода, што можеби ќе значи повисока цена за вода за граѓаните, но и поквалитетна услуга, за количините и квалитетот на водата, појасни Адеми.

Македонија, додаде, како земја кандидат за членство во Европската унија е исправена пред големи предизвици во секторот води, посебно во однос на исполнувањата на барањата содржани во директивите на ЕУ кои се однесуваат на водоснабдувањето, собирањето и третманот на отпадните води.

– Во таа насока многу е важно да  се воспостават механизми кои ќе им овозможат на општините самостојно  да почнат да ги прават и првите чекори во спроведувањето на  двата многу важни принципи  врз кои се базира одржливото управување со сите инвестициски и комуналните објекти кои се во функција на заштита на животната средина, а тое се примена на приниципот „загадувачот плаќа„ за влијанијата врз животната средина и принципот за  надоместување на трошоците за дадените услуги, рече Адеми.

Квалитетот на водата, според евроамбасадорот Аиво Орав, е клучен елемент за подобрување на квалитетот на живот.

– Живееме во свет кој брзо се менува, каде водата е скапоцен ресурс и затоа мораме да имаме интегриран пристап во водењето со ресурсите ефективно и ефикасно. Проектот ќе ги предложи најдобрата методологија за навремена имплементација, ќе ги разгледа досегашните тарифи за вода, а крајниот резултат ќе биде предлог на нови тарифи, а паралелено со тоа ќе биде направен економски инструмент за избалансирано тарифирање, рече Орав.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он