Со подзаконски пропис овозможено продолжување на печатењето и издавањето лични карти

Од:

Владата по вчерашната седница најави дека денеска би требало да продолжи печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните барања.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како што информираа од Владата, на седницата информирал дека подзаконскиот пропис во врска со издавањето на обрасците на новите лични карти ќе биде објавен до синоќа во „Службен весник“, и оти со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања.

Стотата владина седница била со единствена точка на дневен ред на која била разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти.

На седницата Владата, како што информираше владината прес-служба, го задолжила министерот да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти. Спасовски ги информирал премиерот и министрите дека подзаконскиот пропис ќе биде објавен до крајот на денот во „Службен весник“ и дека од денеска ќе се овозможи печатење и издавање лични карти.

Владата бараше законско решение за издавање на личните карти на граѓаните, поради тоа што измените на предложениот закон се блокирани во Собранието. Според изјавите на премиерот и други владини функционери, околу 40.000 граѓани биле со истечени лични карти или аплицирале за првпат за нив.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Горан Наумовски

ДИК бара да може да се гласа со документи без „Северна“

Александар Тодески

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Џафери за пасошите: Не верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат

A1on