Со македонски пасош без визи во 123 земји во светот

Од:

Граѓаните на Северна Македонија можат да посетат без визи 123 земји во светот, покажува извештајот за 2019 година на швајцарската консултантска компанија „Хенли енд партнерс“.

Македонскиот пасош, според индексот на „Хенли енд партнерс“, е рангиран на 46-то место во светот.

Најдобро позиционирана земја во регионот е Грција на шестото место и со нејзин пасош без визи може да се оди во 183 држави.

Со словенечки пасош слободно се патува во 179 земји, со бугарски во 168, со хрватски во 167, со српски во 131, со црногорски во 122, со пасош на Босна и Херцеговина во 116, со албански во 113 земји, а со турски во 110 земји.

Најмоќни пасоши имаат Јапонија и Сингапур, и со нив може да се патува без виза во 189 земји во светот. Во една земја помалку можат да патуваат Германците, Финците и државјаните на Јужна Кореја.

На дното на листата се Сирија, Ирак и Авганистан, чии државјани можат слободно да патуваат само во 20-тина земји.

Швајцарската консултантска компанија „Хенли енд партнерс“ ги рангира пасошите по тоа колку земји може да се посетат без виза.

Би можело да ве интересира

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници