Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Од:

На територијата на Национален Парк „Шар Планина“ има активен пожар при што гори букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти. Пожарот се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен стрмен терен информираше Центарот за управување со кризи.

Како што објаснуваат од ЦУК, локацијата горела и претходни години со што има голема количина лежечка дрвна маса во којашто огнот тлее преку ноќта, но повторно се активира во попладневните часови, а дополнително се тркалаат опожарени трупци и го пренесуваат огнот надолу многу брзо и со тоа зафаќаат поширока територија.

Ренџерската служба веќе три дена се обидува да го локализира пожарот, но земајќи ги предвид сите услови, нивните човечки ресурси се исцрпени, не се во можност сами да се справат со овој се уште активен пожар.

Исто како и во петок и вчерашниот ден се очекува дека денеска со зголемување на температурата и зајакнувањето на ветрот горењето повторно можно да биде обемно – информираа од националниот парк и побараа воздупловна помош од ЦУК.

Хеликоптер на МВР веќе дејствува.

Би можело да ве интересира

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја

Паднати бандери и дрвја, оштетени автомобили – проблеми во Скопје поради ветерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Опасност од лавини на Шар Планина, постителите да се пријавуваат и да не се движат без водич

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава