Со автомобил шверцувале 11 мигранти

Од:

Вчера околу 00.15 часот на автопатот А1 кај м.в. „Белов“ полициски службеници се обиделе да сопрат возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Д. од с.Стајковци, скопско, но возилото со голема брзина поминало пред нив и не застанало.

Полициските службеници со службено возило се упатиле по него. На крстосницата кај с.Тремник возилото се исклучило од автопатот и се упатило кон Термоелектраната Неготино, движејќи се по спореден полски пат, каде возачот изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во возилото и во непосредна близина биле откриени 11 лица илегални мигранти (осум од Бангладеш и по еден од Сирија, Ирак и еден од Пакистан).

Возачот на возилото не е пронајден, а мигрантите се донесени во ПС-Неготино за понатамошна постапка. Од извршените проверки констатирано е дека на 11.02.2017 година во 23.00 часот од страна на полициски службеници, на крстосницата Богданци –Дојран, истото возило било сопрено и извршено било легитимирање при што е утврдено дека возилото го управувал Л. М.(43) од Чучер Сандево-Скопје, а сопатник му бил А.С.(29) од с.Арачиново-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод