Со американска донација ќе се реновира здравствениот дом во Пробиштип

Од:

При денешната посета на здравствениот дом во Пробиштип, министерот Филипче најави проект за подобрување на условите за работа во оваа јавно-здравствена установа со донација од Американската амбасада.

„Благодарение на амерканската амбасада во Здравствениот дом целосно ќе се реновира кровот, внатрешноста, ходниците и дел од ординациите, којшто ќе започне во периодот што следува. И за првпат овој здравствен дом ќе има систем греење коешто ќе биде со помош на гас, значи дополнително ќе придонесеме за чиста животна средина“, рече министерот Филипче.

Министерот Филипче најави дека јужното крило при Здравствениот дом кој моментално не е во употреба, предвидено е да се адаптира во Дом за стари лица со капацитет од 54 лица.

„Сакам на најавам нешто што мислам дека е навистина еден пионерски чекор, во рационалното искористување на празните капацитети на здравстените домови и болници ширум државата.

Владата на Република Северна Македонија во една од минатите седници во владение го даде спратот отприлика од 2000 м2 којшто веќе 20 години е празен и не е во употреба во оваа јавно-здравствена установа, се со цел да излеземе во пресрет на граѓаните, на реалните и вистинските потреби, а тоа е тој објект да се трансформира заедно со Министерството за труд и социјална политика во дом за стари лица“, потенцираше министерот Филипче.

Во изјавата за медиуми, министерот Филипче информираше дека за првпат после 7 години во функција е ставена детската и превентивна стоматолошка амбуланта, со стоматологот којшто дошол да работи од приватното здравство.

Во периодот што следува, ќе се распише и една лиценца за ортодонција, за влез во мрежата. Со ова, Пробиштип за првпат добива ортодонција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Горан Наумовски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран