Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Од:

Со 84 црвени рози и 12 бели гулаби во знак на почит и благодарност, Американскиот универзитет на Европа – ФОН и делегација на Фестивалот на документарен филм на туркофонскиот свет од Турција, денеска на Камениот Мост во Скопје симболично ја одбележаа годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, револуционер и државник, основач на Турската Република и нејзин прв претседател.

Ко-основачот на АУЕ – ФОН, м-р Сефер Цаноски на одбележувањето на 84 годишнината од смртта на Ататурк испрати порака за мир дома и во светот, солидарност и продолжување на добрата соработка помеѓу РС Македонија и Република Турција.

„Мир дома и мир во светот е мојата омилена порака од Ататурк. Затоа, оддаваме почит кон Кемал Ататурк нè само како лидер на регионот, туку како на лидер на целиот свет. Вистинските лидери, како Ататурк, имале визија за напредок на светот, нешто што ретко може да се види денес во ова време на предизвици. Камениот мост во Скопје е симбол на спојувања, љубов и единството кои сите искрено го посакуваме, а народот во Македонија и Турција знаат да ги разберат и продолжуваат понатаму да ги негуваат пораките од големите лидери“, истакна г-динот Цаноски на денешното одбележување на годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, на која присуствуваше и делегацијата од Република Турција, односно претставници од Фестивалот на документарен филм на туркофонскиот свет, предводена од директорот на фестивалот, г-динот Мендерес Демир.

Г-динот Мендерес Демир му се заблагодари на семејството Цаноски и на АУЕ – ФОН како универзитет за тоа што овозможија заеднички да ја одбележат смртта на основоположникот на модерната турска држава, кој што потекнува од овие простори. И Демир се согласи дека пораката за мир дома и во светот од Ататурк која што е од многу одамна, денес се повеќе е актуелна.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Фестивалот на документарен филм на туркофонскиот свет од Турција имаат долгогодишна соработка. Во рамки на соработката, Американскиот универзитет на Европа – ФОН и годинава е партнер и домаќин на македонското филмско издание на Фестивалот на документарен филм на туркофонскиот свет, кое што се организира по седми пат.

Македонското издание на Фестивалот на документарен филм на туркофонскиот свет ќе се одржи на АУЕ – ФОН, утре со почеток во 10:00 часот. Посетителите во рамките на филмското издание, ќе имаат можност да видат два филмa: „Гулаб Гул“ од 2021 година, снимен во Авганистан и „Три армии“ од 2022 година, снимен во Босна и Херцеговина.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Прв академски час на 20-та генерација на студенти на Американскиот универзитет на Европа – ФОН за 2022/2023 година

Ана Ололовска