Со 250 нови еко автобуси до подобар градски превоз, порача Арсовска

Од:

„Во 30-минутното возење низ Скопје можевме да приметиме дека непријатно е возењето посебно кога станува збор за дупките по улиците и неизбалансираните шахти, поради кои се оштетуваат возилата, што ќе биде како проблем решено во првите 82 дена од мојот мандат. Непоходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси. Тоа е најбрзото и најсигурно решение за јавниот превоз во Скопје за разлика од БРТ проектот кој значи дополнителни инфраструктурни проекти и со тоа реализацијата ќе трае со години. Не ни треба решение за само дел од Скопје, бидејќи решенијата мора да се однесуваат на сите делови на Скопје“, изјави независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, по возењето во градски автобус низ улиците на Скопје.

Со одржувањето на ваквата необична прес конференција, од уште понеобично место, Арсовска посочи дека на скопјани им е доста од половични решенија и се обврза на итно решавање на нивните проблеми.

„Ако бил толку добар БРТ проектот зошто се покажа дека сега треба да се интервенира на мостот Обединети нации, зошто дополнително да се сече зеленилото на Партизанска, зошто да се имплементира решение што не е за цело Скопје“, истакна Арсовска.

Проектот за еко автобуси, според Арсовска ќе реши многу проблеми, а во исто време ќе направи ред на возење каде интервалот на доаѓање на автобуси ќе се скуси за да биде превозот побрз и почест.

„Тоа ќе значи помала гужва во автобусите. Во исто време ќе се воведат и почести ноќни линии за викендите. За овие решенија не требаат месеци, а да не зборуваме години, како што е менување на возен ред, ама кај нас и за едноставните нешта се чека со години“ – додаде таа.

Арсовска за крај ги повика и граѓаните да дадат свое мислење за овој проект, затоа што тие се главните сведоци на лошо менаџирање на ЈСП поради непродуктивни трошоци, не постоење систем за брз и ефикасен превоз кој само во првата половина од 2021 година има загуба од 139 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата

А1он

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани

А1он

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска