Снопче: Албанскиот јазик е најстар во Европа, треба да ви биде чест да е службен јазик

Од:

Пратеникот на Алијанса за Албанците Халил Снопче вели дека Македонците сами треба да се ангажираат за албанскиот јазик да биде службен јазик, бидејќи,според него, за секоја европска држава ќе биде чест албанскиот јазик да биде службен јазик.

Зборувајќи на денешната седница за уставните измени, Снопче кажа дека албанскиот јазик е најстар јазик во Европа, стар 6.000 години.

„Македонците да покажат волја, посебно затоа што барањата на Бугарите и Грците дојдоа однадвор, а барањето на Албанците доаѓа одвнатре. Нашите сограѓани Македонци не треба да го сфаќаат како некој притисок, туку како параметар кој ги подобрува соживотот и коегзистенцијата. Според некои последни анализи, научни, од етнографи и етнолози, објaвени пред неколку месеци, албанскиот јазик е еден од најуникатните и најстарите јазици во Европа. 6.000 години стар јазик, ќе биде чест за секој европска држава албанскиот јазик да биде службен јазик. Ова е богатство за македонската држава, не само за Албанците. Како најстар јазик во Европа, 6.000 години, Македонците сами треба да се ангажираат за албанскиот јазик“, рече Снопче.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик, Албанците ќе реагираат жестоко

Предраг Петровиќ

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Лајчак: Членството во ЕУ е најдобрата опција за Македонија, мој совет е да го ставите заедничкиот интерес над партиските интереси

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец