ВИДЕО: Снимателите денеска куртулија од дополнителни проверки поради снимање на обвинителките

Од:

Снимателите кои направија снимки од денешното рочиште за “крвавиот четврток”, за разлика од вчера, не беа изложени на дополнителни проверки и бришење на материјалите на кои се гледаат обвинителките од Јавното обвинителство.

По вчерашниот скандал кој наиде на бурни реакции од јавноста кога по барање на една од обвинителките судската полиција бришеше материјали од снимателите на кои е снимена истата, денеска обвинителките седеа мирно и не ургираа до полицијата додека снимателите земаа инсерти од судницата.

Од Кривичниот суд велат дека немаат никаква врска со вчерашниот настан и дека полицискиот службеник ќе даде изјава за преземените дејствија.

Во одобренијата што медиумските екипи претходно ги обезбедуваат од Врховниот суд, никаде не е ограничено снимањето на странките во постапката. Обвинителите исто како и обвинетите се странки во постапката пред судот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, изјави Мицкоски

Горан Наумовски