Снежната покривка во Маврови Анови 54 сантиметри

Од:

Висината на снежната покривка во Маврови Анови изнесува 54 сантиметри, а во Лазарополе 10 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од -2 до 5, а максималната од 17 до 23 степени.

Во Скопје утре ќе преовладува сончево и топло време, а попладне ќе има мала умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Од УХМР информираат дека наредната недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во вторник ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во следните денови ќе дува умерен, а во вторник и среда повремено и засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он