А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Снегот го отежна сообраќајот, забрани за камиони на дел од патиштата

by А1он10/01/2019 - 08:38215
Share0

Студениот бран со врнежи од снег што ја зафати Македонија го отежна одвивањето на сообраќајот, но засега без застои и посериозни проблеми. На Меѓународниот аеродром Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања, а со вообичаено доцнење за зимски услови се одвиваат железничкиот и патниот сообраќај.

Добивај вести на вибер

На државните патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија, исто така поради ниските температури можна е и појава на голомразица, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, планинските премини Ѓавато и Буково, Струга – граничен премин Ќафасан, патот Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на патниот правец Велес-Штип, кој претходно се одвиваше отежнато и беше забранет за сообраќање на тешки товарни возила, е нормализиран.

Дирекцијата за заштита и спасување апелираше до градоначалниците и општините да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување.

Според најавата на Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри, а на планините и над 20 сантиметри. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 3 степени.

Од утре до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

amsmsnegsoobrakjaj

Би можело да ве интересира

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 10:33

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:13

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он21/02/2026 - 08:47

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски17/02/2026 - 17:2417/02/2026 - 17:30

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:1715/02/2026 - 12:34

Забрана за автобуси и камиони од Тетово кон Шапка, на патот Кичево -Гостивар наизменичен сообраќај

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 10:2115/02/2026 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен