Снег во Страцин, на Плетвар и Пресека, магла на Стража и на Попова Шапка

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во северните, западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места наместа со мали остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Страцин и на планинските премини Плетвар и Пресека. Овие врнежи во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Би можело да ве интересира

Магла на патиштата во Струмица и Тетово

Сообраќајот на Плетвар е во прекин поради сообраќајна несреќа

Изгасната е цистерната, отворен е патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

Запалена цистерна, затворен патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

АМСМ: Во прекин локални патишта во Крива Паланка, на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути

Регионалниот пат Валандово – Струмица, кај Валандовско Брдо во прекин за камиони и автобуси