Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Од:

Снежни врнежи кои го зафатија со поголем интензитет попладнево дебарскиот регион, направија снежна покривка во градот над 20 сантиметри, а на повисоките населени места таа е двапати повисока.

Засега, според дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта нема прекин на сообраќајот на патиштата кои се под нејзина надлежност.

– Наши екипи се постојано на терен во расчистување на снегот од коловозите на кој има остатоци. Поради тоа, но и ниските температури се препорачува без поголема потреба да не се тргнува на пат, а доколку е неопходно возачите да бидат многу внимателни, додаваат од секцијата.

Снегот од улиците интензивно се чисти и во градот. – Фирмата која е тендерирана за оваа намена, е на терен и работи со максимален интензитет на чистење на снегот од патиштата и урбаните и руралните делови (во селата) на општината. На граѓаните им се препорачува да не излегуваат непотребно во градот со автомобили, бидејќи снежните врнежи предизвикаа и материјална штета, информираа од општина Дебар.

Од Општината информираат дека поради тежината на снегот има искршени гранки од кои се оштетени и возила, како и паднати бандери на кои се поврзани кабловски оператори. Во градот има чести прекини во снабдувањето со електрична енергија, како и во неколку села во Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

(ВИДЕО) Источна Европа е погодена од снежна бура, снежно невреме во Москва

Горан Наумовски

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски