А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СМС-порака од Груевски до Јанакиески: Најмалку што може да му направиме на Фијат е барок

by А1он11/06/2018 - 15:24173
Share0

Пред судот во предметот „ТНТ“ беа изведени и 56 СМС пораки разменети меѓу Никола Груевски, Миле Јанакиески, една меѓу Силвана Бонева и Груевски, пораки кои Фијат му ги пратил на Груевски, порака од Груевски до Драган Павловиќ Латас…

Добивај вести на вибер

Во СМС-комуникацијата меѓу Груевски и Јанакиески од 31 јули 2011 година експремиерот му нарачал на поранешниот министер за транспорт и врски да му праќаат фотографии од уривањето. Јанакиески за Фијат во една порака пред уривањето вели: „Ова за него е борба за живот или смрт“.

На тоа Груевски му одговара: „И за нас е истото“.

Груевски сакал уривањето да биде точно во недела, на што Јанакиески му пишува дека најрано што може да биде е понеделник. Откако завршило уривањето, поранешниот министер по СМС порака го известил Груевски дека големиот објект не бил паднат како што треба:

„Визуелниот ефект не е како што очекувавме. Имав состанок со минерите и пак побарав минирање“, му напишал Јанакиески на Груевски.

Експремиерот Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски се допишувале и за промена на деталните урбанистички планови, а потоа и на генералните. Во нивната комуникација стои дека треба да се најде „елегантно решение“ за ова прашање: „Да му ги наплатиме комуналиите, па да го поништиме ГУП-от“, напишал Јанакиески. Груевски на тоа одговорил со порака: „Најмалку што може е да му направиме во барокен стил“. Причината за тоа, според Груевски, е зашто А1 телевизија била заинтересирана да го истражува барокот.

Поранешниот премиер, Груевски, презентираните СМС пораки ги нарече „ѓубре“.

„Ова што го има СЈО не се докази, туку ѓубре“, му рече тој на судијата Ставрев и бараше да не бидат изведени како докази во судската постапка.

Судот закажа следно рочиште на 3 јули. Случајот „ТНТ“ на специјалното јавно обвинителство се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Васко Маглешов

sjotnt

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

Горан Наумовски06/11/2023 - 15:51

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески06/11/2023 - 11:2806/11/2023 - 12:33

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Катерина Ѓуровски06/11/2023 - 08:51

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска08/05/2023 - 15:16

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска08/05/2023 - 07:5208/05/2023 - 08:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен