Љубчо Георгиевски ја загрозува територијалниот интегритет на републима Македонија, тврди Светскиот македонски конгрес и до обвинителството поднесе кривична пријава против Георгиевски за кривично дело загрозување на територијалната целина на државата, казниво според член 307 на Кривичниот законик.
„Во периодот на 2001 година, Георгиевски како претседател на Владата на Република Македонија со мандат од 1998 до 2002 година, преземал дејствија за отцепување на територијата на Република Македонија и дел од таа територија да ја припои кон Република Албанија, на начин што откако стапил во разговори со тогашниот премиер на Република Србија Зоран Ѓинѓиќ, договорил дел од таа територија на општините Гостивар, Тетово и Дебар да се отцепи од Република Македонија и да се припои кон Република Албанија, а територијата на Мала Преспа, односно делови околу Преспанското Езеро, да се отцепи од територијата на Република Албанија и да се припои кон територијата на Република Македонија“, ова е образложението на Светскиот македонски конгрес за поднесената кривична пријава против лидерот на ВМРО-НП.
„Љубчо Георгиевски треба да одговара за велепредавство и за неосновано богатење, да лежи во Идризово, а не да дели лекции по историја и демократија на Македонија, изјави претходно, Тодор Петров, претседател на СМК.