Службите за пасоши и лични карти од утре со скратено работно време поради коронавирусот

Од:

Сите Управни служби во Министерството за внатрешни работи од утре ќе работат со скратено работно време поради мерките за справување со коронавирусот. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека за скратеното работно време преку телеграма ќе ги информира сите управните служби во сите сектори за внатрешни работи.

„Управните служби на Министерството за внатрешни работи од утре ќе работат со скратено работно време. На подрачјето на Скопје од утре од 07.30 до 18 часот ќе работат пунктовите во МРТВ, Беко и Ѓорче Петров и од 10 до 18 часот ќе работат пунктовите во Бутел и Драчево. Управните служби во сите останати сектори за внатрешни работи ќе работат 07.30 до 16 часот“, најави министерот Чулев.

Во однос на пасошката криза министерот Чулев минатата недела информираше дека за десетина дена се очекуваат обрасците за пасоши.

Изминатиов месец пасоши се издаваа само за итни случаи со одобрение од деветчлена комисија во МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари