Судијата Огнен Ставрев кажа дека утрово на пет минути пред почетокот на рочиштето за ТНТ, адвокатот Јовица Страшевски кој е бранител на Тони Трајковски до судот достсвил три поднесоци. Шабани го праша Страшевски како може тој веднаш да ги прочита, а судечкиот совет да донесе одлука, односно зошто поднесоците не ги доставил претходно, потсетувајќи дека за тоа имал три недели.
„Службеникот трчаше по мене да ми ги даде поднесоците. Сте ги поднеле во 9:55, а имаве три недели за да ги поднесете. Како може да ги прочитам ајде кажете?”, рече судијата Ставрев.
На реакција се надоврза и судијата Осман Шабани.
„Намерата ви беше да го одложите судењето?“, рече Шабани, а Страшевски негираше.
Првиот поднесок на Страшевски е за здравствената состојба на Трајковски, вториот за докази предложени од одбраната, а со третиот се бара вонредно преиспитување на обвинение.
Судијата Ставрев реагираше и на барањето за преиспитување на обвинението за ТНТ, бидејќи тоа не може да го прави судечкиот совет.