Службеник од УБК пробал да влезе со нож на пресудата за Мијалков

Од:

Осудениот Владимир Варелов на рочиштето на кое е изречена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ се обидел да внесе нож во судница. Намерата на Варелов била откриена од полициските службеници кои прават редовни проверки при влез и излез од Кривичниот суд. Тие го одзеле ножот, по што го пуштиле да влезе и да ја слушне пресудата за предметот, во кој доби условна осуда.

„Пријавено е до надлежното МВР за понатамошно постапување“, велат од Кривичен суд за „А1он“.

Од полицијата велат дека кај нив било пријавено дека Варелов се обидел да влезе со нож во судница. Ни оттаму нема информација која била намерата, но и објаснувањето за носењето на нож за време на рочиштето за „Таргет-Тврдина“.

„Командир на Судска Полиција од Основен суд Скопје-1 пријавил дека во 09.40 часот во судот при рутински преглед кај В.В.(43) од Велес бил пронајден и одземен нож на расклопување. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 80 од Законот за оружје“, велат од МВР за „А1он“.

Според Законот за оружје, Варелов може да биде парично казнет од 30.000 до 50.000 денари за носењето на ножот, но и со казна затвор до 90 дена. Исходот од постапката не е познат.

Инаку, Варелов е еден од службениците во УБК кој е осуден за масовното прислушување од 2008 до 2015 година. Тој доби условна казна, односно 2 години затвор ако во наредните пет години направи ново кривично дело.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков