ВИДЕО: Слушањето на телефонските разговори во „Поткуп“ ќе продолжи в понеделник

Од:

Слушањето на телефонските разговори обезбедени со посебни истражни мерки во судењето за „Поткуп“ ќе продолжи в понеделник. Премиерот, Зоран Заев, кој е обвинет во предметот, вели дека нема докази во нив и тврди дека две години бил прислушуван со ПИ-мерки. Според него, со ПИ-мерки законски е дозволено да се следи нечија комуникација максимум една година и три месеци, дури и, како што рече Заев, за најтешките кривични дела. Тој рече дека, сепак, ќе остави судот да го утврди тоа и да види кои права му се прекршени.

Судот претходно ја исклучи јавноста од денешното рочиште за предметот „Поткуп“ поради преслушувањето на телефонските разговори и друга електронска комуникација обезбедена со посебни истражни мерки.

Претходно адвокатите на Заев побараа сведочењето на Иван Николов Сачевалиев на минатото рочиште да не биде земено како доказ во постапката. Исто така, побараа да не бидат земени предвид и другите докази на обвинителството бидејќи, како што рекоа, се ирелевантни за обвинението.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито