Случај Русковска против ВМРО-ДПМНЕ: Изборните спотови „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“ презентирани во Граѓанскиот суд

Од:

Во Основниот суд Скопје 2, денеска се презентираа материјални докази во случајот Вилма Русковска, против ВМРО-ДПМНЕ. Судењето почна со изведување, репродукција, на видео материјал од изборната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, насловено „Криминална приказна”.

Содржината од овој доказ предложен од тужителот Вилма Русковска, шеф на Обвинителството за борба против корупција и организиран криминал, како што наведе судот се употребени зборовите „имам претчувство дека Вилма ќе те викне за да одбереш зашто ќе ти поднесе обвинение”.

Додека во тв спотот „Штаб на лагите”, како што посочи судијата е извршена употреба на ликот на тужителката Вилма Рускоска, во контекст на еден гласач, кој бара чисто и функционално судство, односно наводниот активист на СДСМ, понуди два лика од правосудниот систем на РМ, држејќи два паноа во кој се испечатени ликови на судија од кривичен суд и обвинителката Вилма Русковска, обраќајки со зборовите: “А што ако ти ги давам нив?.

Вербални докази, сведоци, за овој случај не се предложени од страна на тужителот.

Завршните зборови и објавување на пресудата за случајот Русковска против ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат презентирани на 13 октомври. Во рок од пет дена странките со судот во писмена форма треба да ги достават завршни зборови.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања