Словенечките медиуми: С. Македонија конечно на европскиот пат

Од:

Дел од словенечките медиуми утринава објавија дека на денешниот состанок на министрите за европски и надворешни работи на земјите членки на Европската Унија ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Државната Телевизија Словенија во текст со наслов „Северна Македонија и Албанија конечно на европскиот пат” пишува дека ќе биде донесена одлука за преговори.

– Франција, Холандија и Данска во минатото не беа наклонети кон проширувањето, а од другите членки на Унијата одлуката да не се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија беше означена како историска грешка, објави Телевизија Словенија на својата интернет страница.

Весникот „Дело“, пак, пишува дека и во време на глобална пандемија со коронавирусот, сосема е извесно дека конечно ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија