Словенечкиот претседател Пахор денеска во Охрид

Од:

Претседателот на Република Словенија Борут Пахор во рамки на дводневната официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ќе престојува во Охрид.

Заедно со претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид.

Претходно, двајцата претседатели ќе ги посетат црквата „Света Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони, Античкиот театар и црквата „Света Софија“.

Вчера во Скопје, на првиот ден од официјалната посета, претседателот Пахор беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, заедничка прес-конференција и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Словенечкиот претседател се обрати на седница во Собранието на Република Северна Македонија, а оствари и средби со претседателите на Собранието и на Владата, Талат Џафери и Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пахор: Северна Македонија направи и повеќе од сè, а не доби ништо

А1он

Заев на средба со словенечкиот претседател Пахор: Словенија и цела Европа поддржуваат почеток на преговорите за Македонија

А1он

Пахор: Она што се случи со Северна Македонија го обесхрабри Западниот Балкан

Жарко Настоски

Пахор е за кофинансирање и зачувување на словенечката новинска агенција СТА

Жарко Настоски

Претседателите Пендаровски и Пахор на прошетка низ стариот дел на Охрид

А1он

Средба Џафери – Пахор: Ќе продолжи словенечката поддршка на патот кон полноправно членство во ЕУ

Жарко Настоски