Следната 2018 година клучна за исчекор кон ЕУ, оценуваат лидерите од Западен Балкан

Од:

Идната 2018 година ќе биде клучна за исчекор на сите држави во пристапувањето кон ЕУ, оценија лидерите од регионот. Тие оценија дека идната година ќе биде важна и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена.

Тоа го оценија лидерите од Западен Балкан на денешната средба со високата претставничка за надворешни политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини во Брисел.

– Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер. Токму Стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија. На средбите беше констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа Стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива. Секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот кој го покажува во реформите во клучните области, напиша македонскиот премиер Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.

Европската комисија подготвува стратегија за февруари, а со неа треба да се издадат насоки за пристапување на Србија и Црна Гора во ЕУ до 2025 година, како и за идните чекори што на патот до ЕУ ги очекуваат Албанија, Македонија, БиХ и Косово.

На третиот неформален состанок на премиерите со Могерини беше разговарано за актуелните настани во регионот и за перспективите за 2018 година.

Овој неформален состанок претставува продолжување на разговорите на високата претставничка Могерини со балканските лидери од мај годинава, кога таа, исто така, ги собра на неформална работна вечера.

Би можело да ве интересира

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Маск: Брисел повеќе не е белгиски град

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски