Славески: Поскапувањето на горивата не е еколошка такса, туку кризен данок

Од:

Со оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ навикнавме на создавањето паралелна реалност и на давање погрешно име на нештата. Предлогот за воведување т.н. еколошка такса за горивата не отстапува од ова востановено правило. Тоа се гледа од образложението што го нудат владата и нејзини челници за причините за воведување на оваа давачка вели челнот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.

– Наместо да се воведе построга контрола на мерење на емисијата на издувни гасови при регистрација на возилата, како основа за примена на принципот „загадувачот плаќа“ во овој контекст, се предлага линеарно зголемување на цените на горивата за сите корисници, без разлика на видот на превозното средство. Не треба да очекуваме некој позначителен ефект од оваа нова давачка врз однесувањето на граѓаните. Мерката ќе има претежно фискален ефект на зголемување на приходите во буџетот. Таа нема никаква врска со екологија и заштита на животната средина, туку претставува само друго име за КРИЗЕН ДАНОК. А познато е дека кризните даноци, по правило, се воведуваат по завршувањето на одредена кризна ситуација, а не во ек на самата криза, за да не ја продлабочат дополнително постојната криза, рече Славески.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Нови цени на горивата