Слаб снег провејува во Пoпова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во П.Шапка ,на планинскиот превој Стража и Маврово.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Рекордни снежни врнежи во Москва и во Московскиот регион

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар