Скромна имотна состојба на Јовески: Стан од 50 квадрати и 7000 евра кеш

Од:

Новиот јавен обвинител Љубомир Јовески до Антикорупциската комисија во имотниот лист навел дека поседува стан во Скопје од 51 квадратни метри во вредност од 38.000 евра. Во банка има 7.000 евра и поседува кредитна картичка со минусно салдо од 150.000 денари. Навел дека вози „рено меган“, а поседува и „југо“ старо 20-тина години.

Инаку, Јовески е актуелен член на Советот за јавни обвинители. Дипломирал право во 1978 година со просек 6,42. Тој има 15 години искуство како судија и 12 години искуство како јавен обвинител. Пред да биде избран за јавен обвинител бил еден од десеттиината заменици на Зврлевски.

За заменик јавен обвинител на Јавното обвинителство на РМ е избран во 2003 година, а од 2009 година е избран за јавен обвинител без ограничување на траење на мандатот. Работи како судија од 1987 година, а во 1995 и 1996 година е заменик на претседателот на судот. Четири години бил и претседател на суд, како и претседател на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Русковска: Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, требаше да се сослушуваат сведоци за случајот

Кристијан Ландов

Јовески побара одговорност и од Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, поради претресот во Финансиска полиција

Кристијан Ландов

Финансиска полиција го враќа ударот: Поднесена претставка до Јовески против Русковска, претресот бил неоснован

Маја Илиевска-Пачемска

Полицијата со кривична и претреси кај заканувачот на Јовески и Русковска, одземени повеќе уреди

Ана Ололовска

Во Битола уапсен човекот кој се закануваше на обвинителите Јовески и Русковска преку писма

Кристијан Ландов

Писмото со закани за Јовески: Ако не ги ослободиш новинарите на Алфа, ќе те убиеме

Предраг Петровиќ