Скромен дочек за Нова година во Охрид

Од:

Скромен дочек ќе биде организиран во Охрид за Нова година. Ова го потврдија од локалната самоуправа. Од таму најавија дека охриѓани и туристите на градскиот плоштад ќе ги забавуваат пејачи и групи од Охрид, а за прославата на плоштадот и за украсувањето на градот ќе бидат потрошени околу 10.000 евра.

„Украсувањето на градовите стана мода. Се трошат стотина илјади евра за украсување,осветлување и изнајмување на опремата наместо тие пари да се трошат за други намени. Ние нема да се натпреваруваме со никој колку пари ќе потрошиме, бидејки тие пари треба да се трошат домаќински. Во Охрид и оваа година ќе има убав иако скромен дочек на Нова година. Со малку пари ќе направиме добра забава„ рече градоначалникот на Охрид, Александар Петрески

Украсувањето на градот кое веќе е во тек ќе се реализира со старите и веќе постоечки украси, а биле набавени и нови рекоа од општината. Иако Охрид е најголем туристички центар во Македонија каде и хотелиерите и останатите туристички работници очекуваат многу домашни и странски гости да престојуваат во градот за новодогишните празници, градските власти сепак се одлучија дочекот да го направат со помалку пари, за разлика од соседните туристички центри кои редовно организираат големи забави под отворено небо, со цел да се привлечат што повеќе туристи.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски