Кафеаните ќе работат повеќе, полицискиот ќе трае пократко, Владата ги усвои новите мерки

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот фејсбук профил информираше за новите мерки што Владата ги усвои на денешната редовна седница.

Од утре, 12 мај на сила се новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница.

Почнувајќи од утре, полицискиот час започнува од 24:00 часот, а трае до 04:00 часот наутро наредниот ден. Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски

Владата ќе им подели по 500 евра кризна помош на 745 естрадни уметници

Жарко Настоски