Скопската полиција реши четири тепачки, уапси осуммина тепачи

Од:

Секторот за внатрешни работи од Скопје расчисти четири тепачки кои се случиле изминатите денови во градот и притоа приведе осуммина осомничени, соопшти МВР.

Вчера во полициска станица биле повикани А.Т. и О.А., двајцата од Скопје, затоа што на 3 јуни во паркот Чаир го нападнале С.Х., при што А.Т. употребил и остар предмет.

Вчера во полициска станица се повикани и Д.Т. и И.Т. затоа што на 9 јуни физички го нападнале Д.И. од Скопје.

Во средата во полициска станица бил извршен разговор и со А.А. и Б.И. затоа што на 20 јуни на булеварот „Партизански одреди“ физички ги нападнале И.Ј.(20) и С.Ј.(27). На 19 јуни, пак, во полициска станица биле повикани и Б.А.(24) и И.Т.(20) затоа што истиот ден физички го нападнале 51-годишниот Б.Л., велат од полицијата.

Од МВР најавуваат соодветни пријави против сторителите по целосно документирање на случаите.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син