Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово со најмногу заболени, бројот на активни случаи со Ковид-19 надмина 2.000

Од:

Бројот на активи случаи со Ковид-19 во земјава според последното пребројуваќе е 2.099. Од нив најмногу има во Скопје- 669, во Тетово – 571, во Гостивар – 234, во Куманово – 152. Следува Кичево со 85 случаи.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројот на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509.

Последната статистика од вчера покажува дека од направени 3.101 тестирање, регистрирани се 143 нови случаи со Ковид-19 и тоа повторно најголем број во Скопје – 79. Во Гостивар се регистрирани 16 нови случаи, во Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по шест, Радовиш – три, Струмица – два, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по еден. Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 1. Пријавени се две починати лица од Тетово (31г и 70г) во болнички услови.

Поради ваквиот развој на ситуацијата Владата викендов донесе одлука за нови рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на новиот делта сој на коронавирусот и забрзано да не се полнат болниците низ земјава.

Мерките треба да почнат да се применуваат од 15 август. На угостителските објекти им е оставен простор од осум дена да се реорганизираат, бидејќи сега е период на организирање свадби и веселби со доаѓањето на печалбарите во земјава.

Свадби и прослави по 15-ти август на затворено нема да има, согласно новите мерки. Во сите угостителски објекти, театри, на концерти и одредени културни настани, семинари ќе може да присуствуваат граѓани, кои што имаат потврда за примена најмалку една доза вакцина.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски