Скопје со најотровен воздух во Европа, десетти најзагаден град во светот

Од:

Скопје денеска е на 10-то место според загаденоста на воздухот на листата на платформата „Ајкјуер“ IQAir (Светски индекс за квалитет на воздухот).

Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 12 часот по локално време, не се препорачува претстојување на отворено за лицата со чувтвително здравје.

Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, Дака во Бангладеш и Лахор во Пакистан. Според мерењето точно на пладне, Скопје е најзагаден град во Европа.

Остануваат препораките за граѓаните на град Скопје во услови на концентрации на аерозагадувачки честички над дозволените, велат од Министерството за здравство. Тие препораки беа донесени кон крајот на минатата година, како резултат на зголемени концентрации на аерозагадувачки честички над дозволените, на мерните места Лисиче и Ректорат во Скопје.

Меѓу другото, остануваат препораките до сите правни субјекти – работодавци, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Тука се и препораките да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Би можело да ве интересира

Скопје меѓу првите десет најзагадени градови во светот

Катерина Ѓуровски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

СЗО: Околу 99 отсто од светската популација дише воздух со лош квалитет

А1он

Воздух од кој печат очите, Скопје вечерва втор најзагаден град во светот

А1он

Се укинува мерката за бесплатен автобуски превоз

А1он

Јавниот превоз во Скопје ќе биде бесплатен додека не се намали загадувањето

А1он