ВИДЕО: „Скопје сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Од:

Поради дојава за бомба, вработените и посетителите во трговскиот центар во Карпош „Сити мол“ во моментов се евакуирани.

Им било соопштено да го напуштат трговскиот, по што многу брзо во паника луѓето почнале да трчаат кон излезите.

Неофицијално, дошло до пожар во една од сендвичарниците на третиот кат во Сити Мол при што се проширил мирис, па затоа била извршена евакуација.

Поради инцидентот, околу трговскиот центар има голема гужва, полициски возила, а автобусите се пренасочуваат.

Од МВР соопштија дека од „Сити мол“ пријавиле дека имаат дојава за бомба. На местото се испратени единици за тероризам кои испитуваат, велат од МВР за А1он.

На терен е екипа на Брза помош и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари.

Според очевидци, во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ