Скопје Сити мол апелира јавноста да не му верува на „Лендсервис“

Од:

„Повторно во целост ги отфрламе тврдењата на фирмата Лендсервис дека од страна на Скопје Сити Мол е направена каква било дискриминација на нивни вработени, а особено HE дискриминација по национална основа врз припадниците на ромската националност.

Најодговорно тврдиме дека престанокот на соработката на Скопје Сити Мол со фирмата Лендсервис престана исклучиво заради нивното неквалитетно одржување на хигиената во објектот.

Уште еднаш потенцираме дека Скопје Сити Мол е мултиетничка и мултикултурна компанија која во ниту еден случај не поддржува дискриминација по било каков основ. Напротив, нашата компанија е постојано отворена за соработка со сите, без разлика на нивната етничка припадност, религија, раса, политичко убедување или сè она што може да се смета за дискриминација. Само како за пример, во Скопје Сити Мол од самиот почеток па до денес се вработени и работат луѓе од различна етничка припадност, вклучувајќи ја и ромската.

Како што и претходно истакнавме, фирмата Лендсервис во јавноста ги пласира овие лажни обвинувања обидувајќи се да прикаже еден деловен проблем во сосема поинакво светло, водејќи валкана кампања против Скопје Сити Мол. Во врска со сите објавени лаги и клевети од  Лендсервис, Скопје Сити Мол ќе ги заштитува своите права пред надлежните институции во
државата.

Скопје Сити Мол уште еднаш апелира до јавноста да не го формира своето мислење врз основа на лажните обвинувања на Лендсервис“, пишува во соопштението на Скопје Сити Мол.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска